Апасиев го цитира Фидел Кастро: Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење

Ќе биде ли Левица дел од новото парламентарно мнозинство? Според последниот Фејсбук статус на претседателот на партијата – Димитар Апасиев, се чини, не. Цитирајќи го Фидел Кастро, Апасиев порача дека коалицирање со партии кои имаат дамка во своето работење би ја „разводнила“ идеологијата:

„Првата политичка партија во која учествувал Фидел Кастро е партијата ОРТОДОКСО. Во 1948 година Партијата освоила само 2 (две) пратенички места во кубанскиот парламент. 😉

Ставот на младиот Фидел бил: ‘Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! Коалицирањето ќе ја разводни идеологијата. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали’ <3

p.s. Случајност!? Не би рекол“, порача Апасиев.

Прочитајте и:  Левица: Премиерот Мицкоски и министерот Тошковски го изгубија судскиот спор со Левица

- Реклама -