Овој модерен стан со две сончеви тераси, нуди извонредна глетка кон центарот на Стокхолм и неодоливи залези на шведската престолнина.
Живеалиштето на поткровје, кое зафаќа површина од 188 квадратни метри, располага со голема дневна соба со камин, трпезарија и кујна, три спални, пространа бања.
Мноштвото прозорци допуштаат сончева светлина во секој агол на поткровјето, претворајќи ја во идеално место за семејство со две или повеќе деца.
Да ѕирнеме.