Антикорупциска отвори предмет против Анѓушев

Државната комисија за спречување на корупција утврди судир на интереси кај вицепремиерот Кочо Анѓушев при носењето на владината одлука за намалување на акцизата за увоз на литиум јонски батерии, па со 4 гласа „за“ и 2 „против“ поднесе иницијатива до премиерот Зоран Заев да отвори постапка за утврдување на одговорност, пренесува „Сител“.

Како што соопшти претседателката на ДКСК – Билјана Ивановска, Кочо Анѓушев се изземал од расправата по барањето од фирмата „Брако“ да се намали или укине давачката за литиумски батерии до Стопанска комора. Но, Анѓушев не се изземал (не поднел известување) и присуствувал на владината седница на која се одлучувало за писмото за интерес за странска инвестиција проследено до повеќе институции, а кое произлегло од остварена средба на Анѓушев со полската фирма „Полмод“, што би била извезувач на овие батерии.

На 36-та седница на Владата, иако имал приватен интерес, Анѓушев учествувал и со свој предлог за дополнување на точката, за да биде прифатена. Оттаму, Ивановска констатира дека Анѓушев бил во судир на интереси и дека законот по ова прашање е јасен – требало да се изземе од расправата исто како што направил и во првиот случај. Според членовите на Антикорупциска кои гласале против, пак, Анѓушев не го прикривал постоењето на судир на интереси, а одговорноста да го иcклyчи е кај тој што ја водел расправата. Повеќе ТУКА.

 

 

- Реклама -