Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК, ака. Антикорупциска) пронашла нови злоупотреби при набавките во Генералниот секретаријат на Владата додека со него раководеше Драги Рашковски, и го проширува предметот за набавката на софтверот за контрола на сообраќајот кој никој не го користи.
Овие набавки исто така се поврзани со самиот предмет – се работи за набавки на камери, сталаци, подвижни кабини – а се во вкупна вредност од околу 18 милиони денари, односно 292.000 евра, откри Катица Николовска – член на Антикорупциска, пренесува „Дојче веле“. Во нив не се вклучени првичните ~80.000 евра.
Доказите, велат од Антикорупциска, ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.
Во меѓувреме, и Рашковски, и сопственикот на „Инвока груп“, од која Рашковски го купил софтверот, се во притвор. Според директорот на затворот „Скопје“ во Шутка – Филип Андов, Рашковски е во добра здравствена и психолошка состојба, нема здравствени проблеми и не се пожалил на условите. Повеќе на „А1он“.