Антиќ пристигна во седиштето на Атланта Хоукс

Кошаркарскиот ас Перо Антиќ стигна во седиштето на неговиот нов клуб Атланта Хоукс.

Капитенот на македонската репрезентација ќе ја продолжи својата кариера во НБА со што ќе стане првиот Македонец кој игра за престижната кошаркарска лига.

s

Антиќ објави фотографија на која позира покрај логото на Атланта Хоукс. Во наредните денови, најдоцна до утре, тој треба да ги помине потребните лекарски прегледи, а потоа и да го потпише едногодишниот договор со клубот со можност за продолживање за уште една сезона.

Антиќ би требало да се врати во Македонија викендов кога ќе има и подетални информации за неговиот ангажман во подготовките на македонската репрезентација за Европското првенство.

- Реклама -