Антиќ се врати со 10 поени и 4 скокови

Откако паузираше од 22 јануари, поради  фрактурата на десниот скочен зглоб, Перо Антиќ се врати со двоцифрен учинок во екипата а Атланта.
Иако неговиот тим не го доби натпреварот, тој  на гостувањето кај Портланд одигра  16 минути за кои постигна 10 поени (2/2 за еден, 1/1 за два и 2/4 за три поени), а оствари и четири скокови.

Враќањето на Антиќ  не успеа да ја разбуди екипата на Атланта Хокс која го забележа и четвртиот пораз во серија. Овој пат тие загубија на гостувањето кај Портланд со 102:78.

Соиграчот на Антиќ, Кајл Корвер ја заврши рекордната серија од 127 натпревари во низа на кои постигна барем по една тројка. На овој натпревар тој шутираше 0/5 за три.

Во сабота наутро во 4:30 по македонско време Атланта гостува кај Голден Стејт.

 Резултати:

Орландо – Хјустон 89:101
Вашингтон – Јута 104:91
Шарлот – Индијана 109:87
Бостон – Голден Стејт 88:108
Детроит – Чикаго 94:105
Бруклин – Мемфис 103:94
Денвер – Далас 115:110
Милвоки – Сакраменто 102:116
Минесота – Њујорк 106:118
Портланд – Атланта 102:78

Ова е сликата што се појави на фан страната на Атланта по повод неговото враќање во игра.

pero

- Реклама -