Антиќ меѓу најскапите во Евролигата

Нашиот поранешен репрезентативец Перо Антиќ се најде на листата најплатени кошаркари во Евролигата. “Euroleague adventures” ја објави листата на 50-те најплатени кошаркари, помеѓу кои се најде и Антиќ, со заработувачка од 1,2 милиони евра по сезона.

peroo

Најскапо платен играч на листата е Алексеј Швед (Химки) со неверојатни 3,5 милиони евра по сезона, а втор Руди Фернандез со 2,8 милиони. Зад Перо Антиќ, на 38 позиција се наоѓа Мирослав Радуљица, додека на 45 место е Боби Диксон.

 

 

- Реклама -