Анкета: Мнозинството Австријци и Германци се за што поскоро завршување на војната во Украина, макар и по цена на територии

Шеесет и четири отсто од Австријците, 60 отсто од Германците и 50 отсто од шпанските испитаници сметаат дека војната во Украина треба да заврши што е можно поскоро, дури и ако тоа значи дека Украинците би морале да жртвуваат дел од својата територија со отстапки кон Русија, покажуваат резултатите од новото паневропско истражување објавено денеска од шпанската агенција ЕФЕ.

Студијата ја спроведе Европската мрежа за испитување на јавното мислење „Јуроскопија“ во девет земји од ЕУ – Португалија, Австрија, Холандија, Полска, Шпанија, Франција, Германија, Италија и Грција.

Испораката на оружје за Украина има поддршка од 56 отсто од анкетираните граѓани на ЕУ, покажа истражувањето.

Во Шпанија истражувањето „Сигма дос“ го спроведе на крајот на декември на примерок од илјада испитаници.

Истражувањето покажа дека гласачите на левичарските партии на владејачката коалиција во Шпанија во најголем дел биле за што поскоро завршување на конфликтот во Украина, дури и ако тоа значи територијални отстапки за Русија, односно 61 отсто од гласачите на Unidas-podemos (GUE/NGL) и 55 проценти од гласачите од левицата од центарот на PSOE (S&D).

Прочитајте и:  Студија: И покрај вооружувањето на Русија, НАТО сè уште има значителна воена надмоќ

За такво решение на конфликт во Украина се изјасниле околу 46 отсто гласачи на десниот центар, како и 45 отсто на крајната десница и 44 отсто на либралниот центар.

Кога станува збор за поддршката на Мадрид за Украина, 61 отсто од Шпанците изјавиле дека се за воена поддршка за Киев.

Повеќе од 60 отсто од гласачите на ПСОЕ и ПП се за воена помош за Украина, додека повеќе од половина од гласачите на Унидас-подемос отфрлаат какво било продолжување на шпанската воена поддршка за Киев.

Испораката на оружје за Украина има поддршка од 56 отсто од анкетираните граѓани на ЕУ, покажа анкетата.

МИА

- Реклама -