Анкета меѓу чаирчани: Дел не веруваат во вирусот, но дел бараат и Чаир веднаш да биде ставен под карантин (ВИДЕО)

Од денешните 24 нови потврдени случаи на Ковид-19 во Скопје, дури речиси половината (11) се од скопската населба Чаир, која предводи по бројот на активни случаи.

И покрај тоа, во Чаир е раздвижено како да нема пандемија и голем дел од граѓаните седат или се движат во групи и не носат маски, иако на двете страни од новиот заштитен ѕид кај Јаја-Пашината џамија има полицајци и полициски возила, известува „Телма“, која направи анкета меѓу граѓаните на оваа населба.

Притоа, „Телма“ откри такви што воопшто не веруваат во вирусот, но и такви што посочуваат дека непослушноста е катастрофална не само по здравјето, туку и по економските изгледи на земјава и граѓаните, па бараат Чаир што поскоро да биде ставен под карантин. Анкетата погледнете ја ТУКА.

 

- Реклама -