Во Англија се тестира безжично полнење автомобили

Тестирања со индукциони полначи за автомобили на струја се веќе во тек во Велика Британија. Во следните две години, шест уреди кои работат на принципот на електромагнетна индукција, ќе полнат електрични возила „во движење“.

Производителот на апаратите Qualcomm, тврди дека системот отстапува во ефикасност на традиционалните жичани уреди, сосем малку и ги полни автомобилските батерии за приближно исто време. Досега со ваква опрема се опремени неколку концептни модели.

Инаку технологијата се користи кај некои смартфони и електрични четки за заби. Во првата фаза од тестовите ќе учествуваат само спортското купе Delta E4, прикажано за прв пат во 2010 година, а во 2013 во тестирањето ќе се вклучи и Renault со електричната верзија на седан Fluence.

За инсталирањето и одржувањето на индукциски полначи за автомобили се ангажира компанијата Chargemaster. Шесте станици-полначи ќе бидат монтирани дел во Лондон, а дел од нив и во други градови.

Ако тестовите завршат успешно, од Chargemaster истакнуваат подготвеност да го зголемат бројот на полначи и до 4.000 парчиња, кои би биле распоредени низ цела Европа. Индуктивна станица ќе може да си нарачаат и приватни клиенти. Нејзината цена ќе биде 700 фунти (околу 870 евра).

- Реклама -