Англија: Итно отпуштање на пациенти од болници поради недостиг на болнички кревети

Во најкритичниот зимски период досега, Националната здравствена служба на Англија (НХС) планира итно отпуштање илјадници пациенти од болниците и домовите за стари лица во следните неколку недели, во обид да ги ослободи потребните капацитети за други пациенти.

Националната здравствена служба, што обезбедува бесплатна медицинска нега, до неодамна беше гордост на Англија, но од минатата година е под притисок од пандемијата на коронавирусот и е погодена од недоволни инвестиции и чести штрајкови на медицинските работници незадоволни од ниските плати.

Некои пациенти се лекуваат во ходници и во амбулантни возила, други чекаат во редици надвор од болниците или итните служби, а болниците се обидуваат порано да ги отпуштат посериозните пациенти поради недостаток на персонал и кревети, јавија медиуми во Лондон.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Владата најави дека ќе обезбеди дополнителни 200 милиони фунти средства за здравствена заштита и подобрување на работните услови и уште 50 милиони фунти за подобрување на постоечките капацитети.

Во соопштението на владата не се наведува дали НХС во Шкотска, Велс и Северна Ирска, исто така, ќе инвестира повеќе во зголемување на капацитетот на болниците.

„НХС е под огромен притисок од Ковид-19, сезонскиот грип и најавените штрајкови. Оваа зима претставува екстремен предизвик“, нагласи Стив Баркли, британски министер за здравство.

МИА

- Реклама -