Англија како победник во групата Ц, Данска како вицешампион и Словенија од третото место изборија пласман во осминафиналето на Европското првенство во Германија, додека Србија е елиминирана, бидејќи двата натпревара од последното коло завршија без голови.
На табелата Англија е прва со пет бодови со две победи и едно реми. Следат Словенија и Данска кои сите три натпревара ги одиграа без победник со идентична гол-разлика 2:2, но се чини Словенците имаат предност поради помалиот број жолти картони. Србија по почетниот пораз од Англија во следните два не успеа да впише победа и со само два бода не успеа да ја искористи шансата да ја мине групната фаза.
Така Словенија првпат во историјата се пласираше во нокаут фазата на едно големо натпреварување и во осминафиналето ќе игра или против Португалија или против победникот од групата Е. Данците во осминафиналето ќе играат со домашната Германија, додека Англичаните го чекаат третиот од групата Д или Е.