Ангеловски, нов тренер на македонската фудбалска репрезентација

Игор Ангеловски,  е избран за нов стратег на македонската фудбалска репрезентација. Тој беше дел од стручниот штаб на Љубинко Друловиќ и добро ги познава квалитетите на актуелната репрезентација.

igooor

Покрај тоа, годинава забележа и неверојатен успех со тимот од Дебар Маало, играше во четвртото квалификациско коло од Лигата на Европа каде Работнички немаше среќа да се пласира во натпреварувањето по групи.

Тој ќе ја предводи Македонија на наредниот пријателски натпревар со Црна Гора кој ќе се одигра на 12 Ноември, па зошто да не и на наредниот квалификациски циклус за СП 2018.

Најверојатно Ангеловски ќе продолжи да го води Работнички до завршувањето на зимската пауза, а потоа целосно ќе и се посвети на македонската репрезентација.

- Реклама -