Анегдотата на Путин за оптимистот и песимистот

Како што вели и самиот Путин, анегдотата е стара, ама не можеш да ја одминеш и да не ја кажеш пак.

Си биле оптимист и песимист, и пиеле коњак. Песимистот го помирисал и извикал: 

– Ова мириса на стеници! 

Оптимистот фатил една стеница што лазела по ѕидот, ја помирирал и рекол: 

– Па, ова мириса малку на коњак. 

„Радо би бил песимист што пие коњак, отколку оптимист што мириса стеници“, заклучува Путин. „Дури и ако оптимистот живее малку посреќно.“

https://youtu.be/ww59elpA9Vg

Прочитајте и:  Путин потпиша декрет дека нуклеарното оружје останува последната линија на одбраната
- Реклама -