Прв поглед на Android 3.0 [Honeycomb] (видео)

Поглед на Android 3.0 [Honeycomb] (видео)Синоќа Google случајно јавно објави видео на YouTube каде го прикажува Android 3.0 во акција. Веднаш го повлече, но веќе беше предоцна бидејќи се прошири на сите технолошки сајтови, па одлучи да го врати назад, овојпат со објаснување. Се работи за комплетно нов интерфејс за таблет компјутери кој позајмува многу идеи од BumpTop, софтверот за 3Д десктоп кој Google го купи минатата година.

Новиот интерфејс на Honeycomb нема големи сличности со досегашните Android верзии. Всушност, се работи за сосема нов интерфејс. Видеото спомнува дека тоа е „следната генерација на Android“ и дека е целосно наменет за таблет компјутерите.

Од видеото може да се види дека Google се фокусирале на подобрување на корисничкото искуство, па така Android 3.0 доаѓа со флуидни позадини, Google Maps 5, пристап до 3 милиони книги на Google eBooks, подобрен мултитаскинг, редизајнирани виџети, богато 3Д десктоп искуство, табови за броусер, аудио/видео разговори преку Google Talk и апликации кои максимално го искористуваат големиот екран.

Прочитајте и:  „Гугл“ воведува привремени е-адреси

Со многу Android таблети во моментов и оние кои допрва јуришаат кон него, веруваме дека Android 3.0 ќе обезбеди голем успех на таблет пазарот во годината што доаѓа.

{youtube}hPUGNCIozp0{/youtube}

- Реклама -