Android 4.3 прво доаѓа кај Samsung Galaxy S4

Прв смартфон кој ќе ја добие најновата верзија на Android 4.3 е посебната едиција на Samsung Galaxy S4 која работи на базичниот оперативен систем на Google заедно со корисничкиот интерфејс на Samsung TouchWiz.

GalaxyS4Banner

Ако може да му се верува на овој извештај надградбата на софтверот треба да се случи наскоро во текот на месец јули. Досега нема конкретни информации што ќе донесе оваа надградба, дали ќе има поголеми промени или пак само мали подобрувања во одредени сервиси. Во јавноста кружи и информација дека комплетната промена на Android ќе се случи при крајот на годината со верзијата 5.0 Key Lime Pie, додека пак верзијата 4.3 е само мало освежување.

s4vssnexuscopy

На овој начин Google покажува дека е задоволен од соработката со Samsung и замената на сопствените смартфони Nexus со Galaxy S4 како базичен телефон кој прв ќе ги добие сите новитети од мобилната платформа. Досегашната практика покажа дека прво Nexus смартфоните ја добиваат новата верзија на Android, а подоцна останатите и тоа може да се промени токму со Samsung Galaxy S4.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.mk

- Реклама -