Претседателот Иванов да не ја кочи процедурата туку да го потпомогне процесот за спроведување на договорот меѓу Македонија и Грција за името бидејќи Р. Северна Македонија е пристојно решение со кое се запазува идентитетот и јазикот вели првиот претседател на законодавниот дом Стојан Андов.
Објаснувајќи ја процесурата вели претседателот на државата најпрвин треба да го разгледа договорот па да испрати до собранието одговор дали е согласен со него или не. Доколку не е во тој случај треба да ги наведе своите забелешки за што собранието подоцна пак ќе треба да се состане и да дискутира за судбината на договорот. Сепак последната средба на Иванов со Заев и Димитров која трашеше само две минути Андов ја окарактеризира како несериозен чекор од страна на претседателот.
„Во ваквите ситуации треба да се сочува разумот без оглед колку нешто ти се допаѓа или не, процедурата треба да се остварува. Треба претседателот кога веќе ја закажал средбата кај него по барање на премиерот, требаше да побара о него прецизно да му објаснат како течеле преговорите, кои биле дилемите и зопшто така стои текстот, а за тоа треба неколку часа. Вака можеше да им каже да му го испратат и текстот преку пошта.“ – вели Стојан Андов, прв претседател на Собранието на Р.М.
Анализирајќи го договорот со неговите 16 точки онаков каков што деновиве излезе во медиумите првиот парламентарец на државата Андов вели дека е компромисно решение во кое отстапки прават и двете страни, но најважно е што идентитетот и јазикот остануваат. Сепак вели судбината на договорот зависи и од судбината и стабилноста на Вадите на двете земји.
„Ваквите работи не се прават од задоволство и љубов, туку зошто се непоходни да ни го олеснат животот.“ – вели Андов.
Грчките медиуми пак деновиве во своите анализи пишуваа дека доколку претседателот во Македонија не даде согласност – Собранието повторно ќе го гласа договорот и доколку биде изгласан во тој случај ќе биде објавен во службен весник и без потпис на претседателот.