Анџелина Џоли наскоро повторно на операција

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли која минатата година имаше превентивна двојна мастектомија наскоро ќе има слична , превентивна операција на јајчниците, пренесуваат денес медиумите во Лос Анџелес.
Анџелина Џоли (38) која има генетски, наследен фактор за добивање на рак, одлучила по една година по мастектомијата да направи слична операција на јајчниците.

– Одлучив да направам сè што можам за да ги отстранам сите ризици- рекла актерката, кој аминатата година ја отстранила дојката иако немала рак.

Во текстот „Мојот медицински избор“, објавен минатаата година во Њујорк Тајмс, актерката и мајка на шест деца, изјавила на јавноста дека била подложена на операција на отстрануување на градите, бидејќи таа имала генетски предиспозиции за рак.

Мајката на Анџелина Џоли почина од рак на 56 години, по десетгодишна борба со болеста.

- Реклама -