Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.
Реал победи со 5:2, иако по првото полувреме губеше 0:2.
– Тоа беше најдоброто второ полувреме оваа сезона. Направивме поголем притисок врз противникот. Мислам дека бевме многу плашливи во првото полувреме и по паузата почнавме со многу поголем интензитет. Знаев дека имаме многу повеќе енергија. За време на паузата реков да поправами ситни детали. Добивање дуели, додавањата да бидат попрецизни. Главната работа е да ги започнеме натпреварите добро, а не да чекаме да губиме со 0:2. Треба да го подобриме ова, и јас сум апсолутно уверен дека ќе го направиме тоа, изјави Анчелоти за официјалниот сајт на УЕФА.
Головите за гостите ги постигнаа Дониел Мален и Џејми Бајно-Гитенс. За домаќините Винисиус постигна хет-трик, по еден гол дадоа Антонио Рудигер и Лукас Васкез.
Реал Мадрид со шест бода се искачи на 9. место на табелата во Лигата на шампионите. Борусија е на 6. место исто така со шест бодови.