Анчелоти по ремито со мајорка: Можевме и да изгубиме

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги искажа впечатоците по синоќешното реми со Мајорка.

Актуелниот шампион на гостувањето во Палма де Мајорка одигра само 1:1 во натпреварот од 1. коло на новата сезона во Ла Лига.

– Не сум задоволен од изданието на мојот тим бидејќи можевме да одиграме подобро. Требаше да покажеме повеќе став. Но, не сакам да се правдам. Ова е натпревар кој можевме да го загубиме поради недостаток на баланс, го цитира Анчелоти „Football Espana“.

Во следното коло Реал Мадрид на домашен терен игра со Ваљадолид. Натпреварот ќе се одигра на 25 август.

Прочитајте и:  Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
- Реклама -