Анабела се однесува како тинејџерка

Пејачката која наскоро ќе наполни 40 години, иако има три деца, не крие дека сака да излегува.

Најстарата нејзина наследничка, Луна ѝ е најдобра пријателка.

– Често пати ме прашуваат зошто ја носам ќерка ми со себе насекаде, а не сфаќаат дека таа одамна е моја најдобра пријателка- изјавува Анабела Атијас за „Blic“.

Пејачката која во последните две години живее на релација Сараево- Белград, вели дека покрај многубројните настапи и обврски околу најмадите ќерки, не остава многу време за забава, но секој слободен миг го користи за излегувања.

– Јас едвај чекав мојата Луна (18) да порасне за заедно да се дружиме. Ние две сме една душа и две тела. Имаме ист вкус и стил на облекување, имаме исти ставови во животот, дури и физички многу личи на мене. Со Луна и нејзиното друштво добрата забава е загарантирана, а нивната смисла за хумор многу ми одговара- вели Анабела.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Младата девојка сака да биде јавна личност како нејзината мајка. Но, моментално повеќе ја интересира модата од пеењето.

- Реклама -