Ако некогаш сте посакале сладолед додека мирно сте пловеле по површината на водата, тогаш сигурно би посакале ваква услуга. Првото амфибиско комбе кое продава сладолед започна со работа на реката Темза. Чудното возило, наречено HMS Flake 99 има максимална брзина од девет километри на час и од него постојано се слуша класичната “We Are Sailing” од Род Стјуарт.
Возилото било идеја на Дејвид Моунфилд, комичар од Брајтон, кој си го остварил својот сон откако победил на натпреварување на интернет. Вчера Дејвид пловел со своето амфибиско комбе по славната лондонска река, со што им приреди големо изненадување на жителите на Лондон.
HMS Flake 99 било специјално нарачано од Fredericks, производителите на сладолед за одбележување на Националната Недела на Сладолед (30 мај до 5 јуни). Комбето ќе започне турнеја по плажите низ цела Британија. Претставник на компанијата изјавил: „Размислуваме да го однесеме ова неверојатно возило и јужно од Ламанш, во Венеција за промоција на британските плажи.“
Дејвид изјавил дека идејата за комбе за сладолед амфибија ја добил откако чул за сè поголемите ограничувања кои ги добиваат возачите на ваквите комбиња. „Исто така на бреговите има големо ривалство помеѓу продавачите, па си реков зошто да не влеземе во вода и така да ја победиме конкуренцијата.“
Тој додал дека е многу задоволен од конечниот производ, тврдејќи дека комбето ги надминало сите негови очекувања и дека било неверојатно да се види во реката. „Ни пријде брод од речната патрола и ни побараа гратис сладолед – нормално, ние со задоволство им дадовме грати сладолед.“