Трансџендер Американците веќе не чекаат и сакаат што побрзо легално да го променат името и полот. Во тоа им помагаат адвокати – волонтери. Главна причина за паниката е – новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Луѓето се плашат дека кога на власт ќе дојде новоизбраната администрација Трамп, човековите права веќе нема да бидат почитувани како досега. Во трка со времето, трансродните лица преку Твитер се поврзуваат со адвокати кои им нудат бесплатна помош за промена на името и полот – понуда која важи барем до инаугурацијата на Трамп на 20 јануари.
Напорите на овие адвокати, меѓу другото, ќе бидат фокусирани и на тоа да им помогнат на трансродните лица да ги променат ознаките за пол на своите пасоши – процедура за која адвокатите обично наплаќаат и по неколку илјади долари.
Трамп дефинитивно ја одигра својата улога во целата оваа паника меѓу трансџендерите, испраќајќи измешани пораки за ЛГБТ заедницата. Тие со право стравуваат дека нивните права може да бидат загрозени.