Водителите на кулинарската емисија на „МTV“ – „Brothers Green: Eats“, слушнале за Балканскиот специјалитет на месо завиткано во зелка, но никогаш не го пробале.
Тие во епизодата „Што ли е ова?“, дегустрираат различни јадења со заврзани очи, а целта е да го погодат местото на потеклото.
Покрај деликатесите од Австралија, Јужна Африка, Индија и Шведска, тие пробале и сарма, деликатес од Балканот.
Да не откриваме премногу, уживајте во видеото.