Во детството многумина си замислуваат дека се храбри космонаути, лебдат низ бескрајната вселена, насликана од детската фантазија. Џеф Хајсмит им помогна на своите деца да се почувствуваат како вистински астронаути и да помечтаат.
За да ги создаде му биле потребни: LED диоди, прекинувачи, светлосна табла, многу електроника и реални лепенки врз палубата…се за соништата на своите деца.
Џеф не се ограничува само со палубата, а создава и детски “вселенски брод”. Всушност улогата на брод ја извршува детскиот кревет со панел од десетина различни прекинувачи, екран, џојстик и управувачот за вршење на посебни активности во отворен простор. Во детскиот кревет се вградени и звучници кои создаваат звук, имитирајќи го полетувањето на вселенски брод. Сега двата сина на Џеф Хајсмит можат да играат заедно: едниот на конзолата, а другиот во вселенскиот брод. Децата можат да се забавуваат и да сонуваат.