Американската војска нападна 15 цели на хутите во Јемен

Ројтерс, повикувајќи се на информации од телевизијата Ал Масира, која ја водат хутите, пренесува дека воздушните напади биле извршени во неколку делови на Јемен, вклучувајќи го главниот град Сана и аеродромот „Ходеида“

ФОТО: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Американската војска соопшти дека денеска извршила 15 напади врз цели поврзани со бунтовниците хути, сојузници на Иран, во Јемен.

Од Централната команда, која ги надгледува американските сили на Блискиот Исток, велат дека целите се поврзани со воените способности на хутите, но не е прецизирано дали тоа вклучува проектили, беспилотни летала или радари, пренесува Ројтерс.

„Силите на американската централна команда (ЦЕНТКОМ) денеска околу 17 часот изведоа напади врз 15 цели на хутите во областите во Јемен, поддржани од Иран, контролирани од Хутите. Овие цели вклучуваа офанзивни воени способности на хутите. Овие активности беа преземени за да се направат меѓународните води побезбедни бродовите“,

се вели во објавата на Икс.

Ројтерс, повикувајќи се на информации од телевизијата Ал Масира, која ја водат хутите, пренесува дека воздушните напади биле извршени во неколку делови на Јемен, вклучувајќи го главниот град Сана и аеродромот „Ходеида“.

Канцеларијата за медиуми на движењето хути објави дека биле издадени три предупредувања за напади во провинцијата Бајда, југоисточно од Сана.

Цел на нападите биле и јужниот дел на градот Дамар и југоисточниот дел на провинцијата Ал-Бајда.

Според жителите во овој дел од Јемен, нападот врз провинцијата Ал Баида бил насочен кон неколку воени пунктови на хутите.

Не е достапен точниот број на цели бидејќи мисијата сè уште не е завршува, но медиумите на хутите пренесуваат дека седум напади го погодиле аеродромот во Ходеида, како и областа Катеиба, која е дом на воена база под контрола на Хутите.

Пред неколку дена хутите се заканија дека ќе го нападнат Израел, откако тие соборија американско воено беспилотно летало над Јемен. Минатата недела групата ја презеде одговорноста за нападот врз американските воени бродови.

Хутите, проиранска милитантна група, почнаа да напаѓаат меѓународни бродови минатиот ноември во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

Нападите на хутите ги поттикнаа американските одмазднички напади, но и ја попречија глобалната трговија, бидејќи сопствениците сега ги пренасочуваат бродовите подалеку од Црвеното Море и Суецкиот канал преку подолга бродска рута.

- Реклама -