„СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА“ АМЕРИКАНСКА ПИТА (V Поглавје)

Секогаш носеше дреч розев кармин, имаше вештачки нокти како црнкиња што работи у МекДоналдс и стомак на фалти кој дури не се ни обидуваше да го сокрие зад тесната памучна мајца што за жал имаше жолти флеки под мишките. Секси!

Dick Major

За разлика од моите американски врсници кои уште во далечната 96-та си муабетеа на мобилни, кои имаа возачки и возеа некои љути шевролети и фордови веќе од нивни шеснес’ додека си муабетеа на мобилни, кои слушаа јужњачки хип-хоп типа Bone Thugs N Harmony, кои носеа baggy jeans и кои дуваа како да ќе снема коноп, јас не правев ништо од сето тоа.

Дојдов од една скопска средина каде никој не возеше пред да му пораснат цицки или брада, каде жустро се палевме на метал, панк, Rage Against The Machine и техно рејв на журки у МНТ кои ги организираше Свети Мирко Попов, а каде Зоки Бејбе-Мадонски доаѓаше со девојка му Изабела и со наочари за скијање пошто у тоа време тоа беше кул. (Сега Мирко фалшира на преработки на Е-Ка-Ве на популарни радио станици каде дури има и воведен џингл: јас сум Мирко Попов, а вие слушате Антена 5 радио“, како да е Тиесто, а Зоки Бебо денес на свои 45 вози даска пошто сега пак тоа е кул.)

Јебига, Times,they are a changing што би рекол Роберт Зимерман.

S1

Назад у Оклахома!

Не сакав и не можев да имам мобилен пошто беше ѓавол ипол скапо. Не сакав да сменам на широки фармерки пошто Гишот во тоа време беше јак во мене, а гишовачата што ја бев попил години претходно сè уште длабоко во мене инсистираше на тесни ѕвонарици. Хип-хоп-от го разбирав како поле за некој социјален експеримент па го ценев ама не го поштуев доволно за да му се посветам со истата љубов како таа што ја имав кон панкот. Арно ама, кола сакав да возам уште од времето кога го крадев олдтајмерот на татко ми така што ја искористив првата прилика што ја имав за да седнам у возачки фазон и да направам беља.

s2

Пази ваму сега…

Помајка ми Беки имаше најдобра другарка која исто така ја викаа Беки и која за потребите на овој краток сегмент ќе ја викам Беки2. Е Беки2 имаше пеесетина години што во тоа време за мене беше неприфатливо годиште за било што овен за флерт со цел на апсолутна корист. Сега можеби и би отишол подалеку со пеесетгодишна сељандура од Оклахома, но во тоа време мајка ми која сите у маало сакаа да ја ебат и редовно ми го кажуваа тоа беше помала од Беки2 најмалку 7 години и најмалку 15 години по изглед, така што во мојата 18-годишна глава секс со Беки2 беше out of the question!s3

Одма дознав дека Беки2 беше веќе неколку пати разведена Госпоџа. Редовно доаѓаше кај нас дома за да се начукаат со Беки помајка ми со Маргарити и инкогнито да се надуваат со Мајк. Кога ме запозна беше воодушевена од мојата младост, од мојата долга коса и од тврдиот акцент што беше толку тврд што имаше потенцијал да ја затрудни и мајка му на Исус со тројки (отсекогаш сум сакал да го напишам тоа!).

Беше цицлеста и пегава распуштеница со тенка упропастена коса како некоја полуочерупана кокошка со шатирани шишки. Секогаш носеше дреч розев кармин, имаше вештачки нокти како црнкиња што работи у МекДоналдс и стомак на фалти кој дури не се ни обидуваше да го сокрие зад тесната памучна мајца што за жал имаше жолти флеки под мишките. Секси!

s4

Е таа Беки2 возеше нов новцат црвен Pontiac Firebird кој го беше ќарила од разводот со последниот несреќник што ја беше оженил таа крмача од жена. Сакав да й ја возам колата и дискретно й го дадов тоа до знаење: “Becky dear, I would love to drive that car you’ve got!”.

А Беки2, понесена од ветерот на мојата развиорена коса немаше проблем да ми удоволи… и ми даде да го возам тоа ѕверот од 275 коња! Седна до мене на совозачкото седиште и на првата кривина се покаја кога изгубив контрола и се забив у дрво во дворот на комшиите на крајот од улицата! Навикнат на шкодата на татко ми во која пораснав уште од времето кога дедо ми ја возеше пред да му ја подари на татко ми, не бев ни свесен што значи да имаш цела штала коњи под педалата за гас.

s5

Набрзина киднав од местото на злосторот зошто немав возачка. Беки2 ја презема вината за да осиригувањето ја покрие штетата.

Што е сигурно – сигурно е.

Веројатно сум бил ултра шармантен штом од целата случка си заминав само со киселата насмевка на Беки2 и громогласното смеење на Мајк и Беки помајка ми кога им кажав што се случило. Се разбира, Џес ја заокружи вистината кратко и јасно: “He gets a laugh for destroying a brand new sports car and I am not allowed to stay out past 10!? Screw that mom!”

Меѓутоа, вистината беше далеку поиронична. Целата случка го натера Мајк да ме научи да возам и три недели подоцна имав возачка дозвола. Така ти е тоа у Америка. Таман добив дозвола за да можам понекогаш да идам у школо со Понтијакот на Беки и да се курчам пред новокомпонованите другарчиња.

Среќна нова 97-ма

Во меѓувреме, помеѓу журките со новото семејство и нивните другари, помеѓу скришните ноќни закачања со четиринаесетгодишната посестра и авантурите со Вања из Београда, исто така учев и четврта средно – примарната причина за моето доаѓање во Америка.

Школото додуша беше баптистичко, меѓутоа моите соученици беа сé освен следбеници на John the Baptist.

s6

Во кратки црти: школото имаше вкупно 200 ученици од кои една скопјанка од Ченто, една прилепчанка од Точила и јас. Останатите 197 беа „со Господ напред“ што надвор од наводници значи дека сите дуваа, сите кркаа хемии, девојчињата се ебеа у г’з за да можат да покажат крвав чаршав на првата брачна ноќ, мужите играа и обожаваа амерички фудбал и само заради америчкиот фудбал имаше само еден единствен црнец кој, фала Богу, беше најбољи играч у школскиот тим. Со други зборови – на мое огромно разочарување, во школото немаше ни една единствена црнкиња.

Бев комплетно разочаран. Бев скршен. Бев уништен. Ебач ко што милсев дека сум, се надевав дека кога ќе стигнам во Америка ќе ги пробам сите раси, а црнкињи, мулаткињи и темни азијатки ми беа на првите три места и тоа по тој конкретен редослед!

s7

Можеби на почеток среќата не ме беше дофатила на љубовен план, но копиљ ко што бев, успеав да се исконбинирам со релевантните луѓе во школото, со оние кои значеа ‘журка’ ‘провод’ и пред сé ‘статус’!

Дента кога пристигнав веднаш ги приметив избезумените погледи на моите соученици. Мојот ретро стил а-ла Fleetwood Mac, акцентот од кој се паѓаше во несвест и античкиот арогантен поглед на Македонец од таа таму некаде Библиска Македонија ги застрашуваа оклахоманските средношколци. Неколку дена се движев низ школските ходници во slow motion како спартанскиот крал Leonidas од “300“ и во jump cut-ови за време на часови како во филм на Lars Von Trier – комплетен хаос за една младо-христијанска средина во Оклахома.

s8Се разбира, прилепчанката и скопјанката беа воодушевени што имаат со кого да си муабетат на мајчиниот јазик, со тоа што и прилепчанката беше фасцинирана од скопјанецот во мене – нормално. Но Американците беа внимателни како да сум некој загрозен вид на животно, како да сум бел носорог од Серенгети. Ретка шанса за трофеј, но сепак опасна заради повеќе причини.

s9

Првите дркаџии што ми пријдоа да се запознаат со мене беа и најхрабрите, и се разбира дека најхрабрите беа и оние релевантните кои значат нешто во целата таа атмосфера.

Гас и Џими.

Гас и Џими беа како Бивис и Батхед. Џими дури и изгледаше како Батхед а Гас звучеше и беше плав како Бивис така што заедно беа слика и прилика на постмодерната на Енди Ворхол: “Does life imitate art or does art imitate life!“. И го оставам тоа како оворено прашање и ден денеска особено со оглед на тоа што Гас и Џими навистина беа уметност вредна за риалити шоу каде “секој е ‘famous’ петнаесет минути“.

s10

Гас и Џими.

И Џими Гас и јас.

Брзо станавме другари и останавме до денот кога си заминав од земјата на црвениот човек по што воопшто не бев заинтересиран да продолжам комуникација со нив.

Еве, и денес со фејсбук не се ни обидувам да ги пронајдам!

Гас беше типична интелегентна плавоока сељачина со силно изразени капиталистички манири; јужњачко воспитана расистичка простачина со многу пари во рака и сачмарка под возачкото седиште на Доџ пикапот што сам си го беше заработил од косење трева за викенди.

Да ја оставам реченицава вака сама по себе нема да значи многу за некој што ја прочитал само еднаш и кој не е фан на шпагети вестерн и на историјата на Ку Клукс Кланот, така што предлагам кој и да ја прочита да ја прочита уште еднаш…

Оној кој нема да ја прочита реченицата уште еднаш ќе добие само бледо дообјаснување:

Гас беше високо интелегентен и од Бога даден паметен, но беше воспитан во high class средина на потомци на херои на јужната страна од американската граѓанска војна во која победија северњаците. Парите му беа Господ Бог, црнците и евреите му значеа колку и карбураторот на новиот Доџ пикап во кој во секое време илегално чуваше ловечка пушка под седиштето и колку и да беше паметен, беше доволно паметен за да нема амбиции да продолжи со високо образование зошто работеше за мултимилионската фирма на татко му која ексклузивно се занимаваше со косење трева. Фирмата на татко му ја косеше тревата на повеќето терени за голф на територијата на Оклахома, Канзас и северен Тексас. Од таа причина, колку и да не ги сакаше евреите и црнците, ги обожаваше латиносите кои беа малата армија илегални работници во фирмата на татка му. Ова башка го прави лицемер, хипокрит и користољубиво копиле, нешто што заборавив да додадам како описен епитет во битната реченица погоре.

s11

Џими, другар му на Гас беше Батхед. Дефиницијта за Џими произлегува од иконољубивиот однос кон неговиот сакан Бивис – Гас. Долго размислував кој збор да го искористам, но не можев да најдам доволно соодветен термин така што “иконољубение“ беше измислено сега пред неколку збора за да го доловам нивниот вистински однос кој сам по себе го дефинира Џими како личност (иако “идолопоклонсвто“ беше опција и воедно инспирација за ненадејнот наплив на креативност).

…и “Иконољубение по Гас“ е вистинскиот наслов на автобиографијата на Џими која Џими никогаш нема да ја напише. Џими беше сé што Гас не беше: сирото типче со најболните квалитети на Принц Мишкин од Идиот на Достојевски, доброчудно глупаво човече со љубов за целиот свет, кој толку многу сакаше да биде како Гас што дури и возеше далеку поевтин пикап но со бојата на Доџот на Гас за што имаше дури земено и кредит за да го префарба во бојата на пикапот на својот идол. Џими беше весел и среќен кога и да е со Гас и се смееше идентично како Батхед од Beavis and Butthead. Беше толку тупав но добар што не ги ни разбираше расистичките коментари на Гас за црнците и евреите. Не веруваше во насилство и дури и бев предупреден од Гас да не му кажувам на Џими дека Гас има сачмарка воопшто. Чат-пат му помагаше на Гас за викенди и косеше трева со него, но и за тоа не го биваше, барем не по муабетите на Гас. Ама беше добар… и наивен. Наивен да го сакаш како што се сака рането животинче…

tajson

И така, Џими Гас и јас почнавме да се дружиме ден и ноќ. Беки беше среќна што некој ме враќа дома после школо, Гас беше среќен што се дружи со чудниот косијанер од Европа, а Џими беше среќен што е со Гас и со новиот долгокос другар на Гас – јас.

Гас не беше во фудбалскиот тим, но беше пополуларен од кој било. Дечкото си сфати дека треба да ја ќари главната чирлидерка у школо и тоа и го направи. Ја ќари Бони, метар и пола жилет како Бубамара од Црна Мачка Бел Мачор на Кустурица. Една од оние кои ги фрлаат во воздух кога имаат навивачки перформанс за време на полувреме на утакмица. И така, со популарната Бони, Гас се возеше на високиот бран на популарноста во микрокосмосот на Бетани. Имаше екстра ќар од самото тоа што Бони јавно имаше изјавено дека веќе му дала таму кај што треба (не у дупенце!) затоа што “знала дека се еден за друг и дека наскоро ќе ја ожени“.

Будала, ако ме прашаш мене и пола разумен свет.

s13

Нејзинот ризик јавно да признае дека не е невина и дека се прца со Гас, и неговата храброст да се прави луд по истото прашање им дадоа статус на реднек варијантата на Ромео и Јулија поготово со оглед на тоа што иако Бони не признаваше, й се гледаше дека е по потекло некаде од сончевите Кариби. Беше обоена и татко му на Гас не можеше да ја смисли само заради бојата на нејзината кожа.

Мене ме заболе за сето тоа. Си бркав работа и гледав да завршам средно со највисоки оценки додека се журкам до бесвест. Балансот кој неверојатно успешно го одржував помеѓу тие две екстреми беше пореметен со доаѓањето на новата 97-ма, со доаѓањето на новото полугодие и најважно од сé, со доаѓањето на Крис Џексон – првата и единствена црнкиња во Bethany High со години наназад.

По некоја неверојатна случајност, Крис беше ЛУДО убава црнкиња.

s14

Се сеќавам дека седев на задња клупа на час по Шпански кога во slow motion и како во некоја Бетовенова соната, Крис Џексон влезе во училницата. Веднаш ми се кренаа влакната на грбот кога Професорката ја претстави и й кажа да седне на една од клупите во прв ред и дијагонално спроти мене што ми даде таман агол и доволно простор за да се заљубам одма и на лице место.

Имаше долг и тесен врат како некој редок црн лебед. По ултра темната боја на нејзината прекрасна кожа се гледаше дека е најмалку три четврта црна заради тоа што четвртата четвртина дефинитивно беше од рецесивен бел ген со оглед на тоа што имаше мал прчест нос, тесни кукчиња, кренати цициња, високи нозе, и прчесто газе – како од Бога даден контраст на носето. Носеше наочари што дополнително ме разгоре помеѓу нозете и имаше заслепувачка, навидум срамежлива насмевка која й ги откриваше големите бисерни заби зад полните сочни усни.

s15

Не сум сигурен какво мислење може да се добие за мојот карактер од досега напишаното, но дефинитивно никогаш не сум бил срамежлив или со влакна на јазикот! И тоа го тврдам одговорно!!!

Но, кога ја видов Крис, толку многу се пореметив што со денови не можев да изустам ниту еден единствен збор не па да й пријдам. Кога и да ме одминеше низ училишните ходници се чувтвував како истурена вода. Не можев да престанам да мислам на неа. Заспивав мечтаејќи како се љубиме и се будев со нејзиното име кое го мантрав на рипит сé додека повторно не заспиев со нејзиното лице пред моите силно затворени очи.

После десетина дена некако се собрав и одлучив барем некому да му признам дека сум заљубен. И од сите луѓе, му се обратив на Џими кој всушност беше единствениот кој примети дека ми се случува нешто и кој кога му кажав, изреагира церекајќи се со звукот на насмевката на Батхед што му беше омилен цитат од тогашната поп култура. Срце гупаво!

Понесен од неговиот замајан и тупав поглед, му кажав дека Крис Џексон е мојот избор за партнер за матурска. Јебига, морав да измислам начин да й го привлечам вниманието без лично да й пријдам пошто бев кукавица за прв пат во животот, а воедно знаев дека една таква изјава нема да помине незабележано.

Кукавица – да! Но бев сé само глупав не! Планот ми беше едноставен. Кажи му на Џими и веста ќе се рашири како сув пожар во Калифорнија. Гас, како и повеќето во ултра белата младо-христијанска микро заедница воопшто не ни обраќаа внимание на новодојдената црнкиња која им го расипуваше просекот. Башка, Гас беше премногу паметен за да биде опција за мојот шаховски en passant. Џими беше единствениот кој немаше дури ни капацитет да сфати што е расизам така што мојата исповед ја сфати онака како што планирав – како повик за разглас за љубовниот интерес на долгокосиот Leonidas кој у slow motion се движи низ школските ходници!

s16

Набргу… Уствари уште следниот ден знаев дека сум постапил правилно. Веста за мојата заинтересираност за Крис Џексон беше пристигнала и до нејзините прекрасни уши сигурно сокриени зад бујната афро фризура. Наеднаш Крис почна да ме приметува. Ненадејно почна да ме загледува во очи, да ми се озарува со широка насмевка, и конечно, после два дена, ми се обрати она мене (Ха-Ха, тоа ти е скопско пеерче фрлено у рурална средина!).

Планот ми успеа и толку бев среќен што кога ми се даде шансата ја искористив како Мастер:

“Hey, I noticed you are having some problems with Spanish. Do you want to study together?“, ја прашав со реплика како од лош амерички тинејџерски филм…

Али јебига другари мои, така е! Американците палат на такви безвезарии.

Ја поканив утредента да дојде кај мене дома после школо. А утредента беше петок и Беки ми ја даваше колата за до школо скоро секој петок пошто со Мајк идеа на happy hour после работа скоро секој петок. Фактот дека Крис прифати да дојде и да учи у петок после школо, дополително ме убеди дека ќе й се закачам на долгиот врат како прегладнет вампир после 18 години спиење и мечтаење за црна крв.

s17

Се разбудив у четири саат сабајле. Семејството Вер спиеше и ја искористив приликата да се дотерам како за на свадба. Се избањав и со само малце гел ја оставив косата да ми се исуши без фенирање за да се навитка на мали федерчиња. Уствари, ја измив два пати со новиот Pantene Extra, шампон купен ноќта претходно исклучиво за таа прилика, но и за да мирисот доминира над мирисот на гелот. Ги ставив тесните црвени гаќи што мајка ми ми ги купи пред да тргнам на пат (Мама, хвала ти!). Си ги испеглав свежо испраните ѕвонарици и си ја облеков најубавата бела кошула со висока крагна. На сето тоа, си ги изгланцав Док Мартинсот кои потоа сјаеа како црни огледала со жолта рамка и се напарфемирав со Allure на Doncho&Gordana што само што искочи и го бев украл од фри шоп на Малта не знаејќи дека е женски парфем. (Да, го украдов! И да, сакам женски парфеми понекогаш и понекои!)

Се избричив, како да сум Дејан Дуковски си ги ставив кожните нараквици кои си ги купив на Венис Бич во Калифорнија, ушите си ги наредив со менѓуши што обично не правев заради христијанска енклава во Bethany High и на крај, си ја облеков темно кафеавата пролетна јакна од превртена кожа во која знаев дека ќе ми биде ладно, но студот ми беше задња грижа во ловот на мојата прва црнкиња која, да повторам, беше лудо убава!

s18

Немам појма што се случувало понатаму. Немам појма за реакцијата на семејството Вер кога ме виделе сабајлето кога сум ги дочекал дотеран и спремен пошто обично они ме будеа мене. Не се сеќавам што се случувало во школо или за време на пауза за ручек кога најчесто јадевме фаст фуд у Hardees со Џими, Гас и компанија. Не се сеќавам на ништо освен на тоа дека после часови ја чекав Крис пред школото потпрен на Понтијакот на Беки како Џејмс Дин во Бунтовник Без Причина.

После најдолгите петнаесет минути, Крис се појави насмеана од уво до уво. Во темното jануарско зајдисонце забите й сјаеа како некакво соѕвездие. Стомакот ми се преврте наопаку и скоро ми дојде да паднам на колена и да повратам од што ме болеше дијафрагмата. Сега на сето тоа се сеќавам како на некој сон кој едноставно не можам да го заборавам, но се случи и не беше сон, и ми остана едно од најмагичните животни сеќавања.

Крис влезе во колата и тргнавме кај мене дома. На пат до таму слушавме Витни Хјустон пошто Крис дојде спремна и ми даде Це-Де кое без размислување го ставив во плеерот.

Стигнавме. Се паркирав. Влеговме дома.

Очекувано, Мајк и Беки беа излезени и нé пречека Џес која која буквално зина кога нé виде. “This is Chris. We need to study Spanish й ја претставив Крис на Џес и воопшто не ни почекав Џес да се запознае со неа. Експресно отидовме во моите одаи. Набрзина влеговме во собата пред малиот Џони да ни се протне со насмевка полна љубопитност и неодолив детски шарм.

Со балкански шерет-поглед ја прашав Крис дали сака да учиме читање и граматика по Шпански. Веќе не бев нервозен ниту несигурен. Животинчето (и не го мислам тоа расистички) беше во волчјата јазбина, башка приметив дека и самата е дотерана повеќе од што треба и дека всушност е спремна како што бев спремен и самиот.

Ги извади наочарите и ме погледна со подеднакво изазовен поглед. “Let’s start with grammar. It’s my greatest weakness…” ми врати подеднакво пацерски.

Следните саат време беа флерт и раскезени разлигавени закачки. Се чувтвував како да се вртам на рингешпил и знаев дека моментот да ја пољубам е тогаш кога ќе одлучам. Крис полека почна заводливо да се трие од мене. Се обидов да ја пољубам но постојано ми бегаше и ме закачаше во ритамот на Bone Thugs N Harmony. И тоа траеше доволно долго за да помислам дека кревам температура од што се напалив.

 Конечно се пољубивме. Нејзините дебели и сочни усни се завиткаа околу мојот јазик и веднаш ја грабнав за половинаната. Й ја кренав блузичката и ја осетив нејзината рапава кожа под прстите. Ја притиснав до моето торзо и почнавме да се вртиме во еден бесконечен и страсен вртлог на тинејџерска страст.

Толку многу се занесов во љубењето што почнав да гледам црвено позади силно затворените очи.

Се заљубив и сакав да бидам со неа до крајот на животот.

Сакав да ја оженам после првиот бакнеж.

 (следното поглавје за 2 недели… ваљда!)

Златната држава (I Поглавје), Сончевата држава (II Поглавје), Доселеничката држава (III Поглавје), Писма до дома (IV Поглавје)

- Реклама -