Амбросио за Made in Brazil (видео)

Манекенката Алесандра Амбросио позираше во провокативна фотосесија снимена под објективот на фотографот Стивен Шајнинг, за списанието Made in Brazil.

Амбросио (31), која го роди своето второ дете пред шест месеци, ги снимила фотографиите за изданието на Made in Brazil уште во септември, а нејзиното тело, сепак, е во топ-форма.

Ангелот на „Викторијас сикрет“ позира на најпознатата бразилска плажа, Копакабана, во долна облека и во костим за капење, заедно со неколку полуголи машки модели.

Made in Brazil е списание со лимитиран тираж кое ја следи работата на бразилските фотографи и дизајнери. Само 1.000 примероци од изданието во кое позира Амбросио ќе бидат пуштени во продажба.

Кога станува збор за нејзината килажа, младата мајка вели дека, овој пат не качила многу килограми за време на бременоста и постојано се грижела за своето здравје, а поради тоа не и било тешко да ја врати телесната тежина што ја имала пред да забремени. [Alessandra Ambrosio Flaunts Flawless Figure For Made In Brazil Mag]

 

- Реклама -