Откако изборот на стихови при изведбата на химната од страна на пејачката Тамара Тодевска предизвика бурни критики во јавноста, и беа повикани од Обединетата македонска дијаспора (ОМД) да се извинат, од Американската амбасада не останаа без коментар. Сепак, Амбасадата не се извини, туку согласно извинувањето на Тамара, изоставувањето на стиховите со Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански, го оцени како ненамерна грешка.
„Обединетите американски држави имаат длабока почит за традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник – Северна Македонија. Благодарност до нашите пријатели и колеги што синоќа ја прославија нашата независност заедно со нас. Разбираме дека грешки можат ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им благодариме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, велат од Амбасадата на САД.