Алонсо останува во Алпин и следната сезона

Париз, 26 август 2021 (МИА) – Шпанскиот возач Фернандо Алонсо ќе биде дел од екипата на Алпин и во следната сезона од Формула 1, соопшти денеска францускиот тим.

„Фернандо сите нас нè импресионираше откако по две години минати надвор од Ф1 се врати на почеток на оваа година“, изјави извршниот директор на Алпин, Лорен Роси.

Алонсо (40) пред претстојната трка за Големата награда за Белгија овој викенд, зад себе има 323 трки, со ефект од 32 победи и 97 пиедестали.

- Реклама -