„Ало, полиција? Во дворот ми врне снег!“

Жителите на градчето Адгер во Норвешка не престануваат да се јавуваат во полиција, со поплаки за снегот и неволјите што им ги предизвикува. Не, не се работи за ништо сериозно – поплаките се однесуваат на доцнење на работа, на недоставени весници и слични условно речено проблеми на жителите, кои како одеднаш да решиле да се преправаат дека не живеат во Норвешка и дека снегот е сосема неочекуван.

Ова е одговорот на полицијата на Твитер: „Луѓето се јавуваат и се жалат дека врне снег и дека доцнат на работа, не им е доставен весникот итн… Овие пријави нема да бидат приоретизирани“.

Портпаролот на полицијата Пер Кристијан Клаусен, за весникот Dagbladet рече: „Луѓето мораат да прифатат дека живеат во Норвешка и дека и во иднина ќе врне снег“.

И снегот застана на страна на полицијата. 40 сантиметри снег се очекуваат да паднат во наредните денови во Адгер.

rexfeatures_3551582q-e1421860369860[1]

- Реклама -