Дали е дозволен алкохол во текот на доењето?

Доењето и алкохолот едноставно не одат рака под рака. Не постои никакво ниво на алкохол во мајчиното млеко коешто се смета безбедно за бебето.

При консумирањето алкохол, тој поминува во мајчиното млеко во концентрација којашто е слична како и концентрацијата во крвта. Иако бебето прима само одреден дел од алкохолот што го консумира мајката, тоа за 50% побавно го исфрла од своето тело.

Истражувањата покажуваат дека доените бебиња коишто се изложени на еден пијалак во текот на денот имаат проблеми со моторниот развој и спиењето. Иако народот вели дека алкохолот може да го подобри излачувањето на млекото, студиите покажуваат дека алкохолот всушност го намалува производството на млеко и неговото присутство во млекото на мајката го намалува внесот на млеко кај бебето за 20%.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

Ако сепак, се одлучите да консумирате алкохол, избегнувајте го доењето сè додека алкохолот комплетно не се елиминира од млекото. Времето на елиминација во зависност од телесната тежина типично трае два до три часа за испиена лименка пиво со 5% алкохол или чаша вино со 11% алкохол или чашка жесток пијалск со 40% алкохол.

Испумпувањето и фрлањето на млекото не е неопходно и не го забрзува процесот на елиминација на алкохолот од телото. Запомнете дека доењето е најоптималниот начин за исхрана на новороденото и се препорачува до една година старост. Ако одберете да се напиете, внимателно планирајте со цел да не го изложите вашето бебе на алкохолот.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -