Алкараз елиминиран уште во второто коло на УС Опен


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараза и еден од фаворитите за титулата на годинешното издание на УС Опен утрово загуби од Холанѓанецот Ботик Ван Де Зандшулп со убедливи 3:0 во сетови 6:1, 7:5 и 6:4. Холанѓанецот кој е 74 играч на светот ја најави сензацијата уште во првиот сет во кој поведе со 3:0 и го доби убедливо со 6:1.

Иконка на веб-сајтот

Ова беше еден од најлошите мечеви на Алкараз оваа сезона, коментираат експертите за тенис. По мечот Алкараз изјави дека не можеше да го подигне нивото на играта. „ Мислам дека моето ниво остана исто за време на целиот меч и тоа не беше доволно да си дадам себе си шанса да се вратам во мечот или да победам“ рече Алкараз.

Рече дека и неговиот противник играл изненадувачки добро без да прави грешки, како и дека не бил доволно подготвен за последниот гренд слем во сезоната, поради густиот распоред и многуте мечеви што ги одиграл.

- Реклама -