Алфа Ромео во Хирошима

Моделот што ќе се произведува во соработка со Mazda, во фабриката во Хирошима ќе го добие името Alfa Romeo Duetto, што ќе значи реинкарнација на изведбата која беше „спортист во срцето“ од 1970 до 1993 година.

Во текот на мај Alfa Romeo и Mazda, како плод на соработката, објавија дека италијанскиот производител на автомобили ќе лансира нов модел врз основа на новата генерација на родстерот MX-5. Притоа и двете возила ќе бидат склопувани во фабриката на Мазда, кој се наоѓа во Хирошима.

Двете страни соопштија и дека автомобилите сепак ќе се разликуваат по надворешниот изглед и ќе имаат различни мотори. Производство на италијанскиот автомобил ќе почне во 2015, додека новиот јапонски родстер ќе се појави на пазарот во 2014 година.

Сега оваа информација се проширува. Светските медиуми пишуваат дека Алфа Ромео ќе му го даде на својот родстер името Duetto, кое се се користеше од страна на компанијата, за модели кои беа лансирани во периодот 1970-1993 година.

Автомобилот ќе добие четирицилиндерски турбо мотор со работна зафатнина 1,75 литри со систем за директно вбризгување на горивото, што се користи во некои од моделите на концернот Fiat. Моторот може да развие моќност до 250 коњски сили.

Агрегатот ќе биде во спрега со 6-степен рачен  или автоматски менувач со две спојки. Alfa Romeo им нуди на Mazda да го користат овој автоматски менувач на новиот MX-5, а Јапонците од своја страна одбија и продолжуват со развојот на својот еколошки менувач SkyActive-Drive. Тежината на двете возила нема да биде поголема од 1.043 килограми.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -