Адвокатите на американскиот актер Алек Болдвин побараа од судијата да ги отфрли обвиненијата против него за убиство од небрежност на камерманката Халина Хачинс во 2021 година, за време на снимањето на вестерн-филмот „Раст“, велејќи дека обвинителите упатиле неосновани обвинувања против Болдвин.
Судењето е закажано за 10 јули во американската сојузна држава Ново Мексико, објави Ројтерс.
Адвокатите на Болдвин во четвртокот поднесоа барање за отфрлање на обвиненијата против Болдвин, осум дена откако поротата ја осуди реквизитерката Хана Гутиерез-Рид за убиство од небрежност во одвоено судење.