Алегри за допингот на Погба: Фудбалот губи посебен играч

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го сподели своето мислење за ситуацијата околу играчот од средниот ред Пол Погба.

Пред два дена се дозна дека францускиот фудбалер повторно имал позитивен допинг тест за тестостерон.

– Погба и јас сме многу блиски, го познавам уште кога беше млад. Штета е што фудбалот губи посебен играч. Ова е тежок момент за Пол, можеме само да му посакаме се најдобро, го цитира Алегри „Football Italia“.

Погба се соочува со долгогодишна забрана. Претходно беше објавено дека Јувентус би можел да го раскине договорот со играчот од средниот ред.

МИА

- Реклама -