Албански медиуми: Мицкоски и Ахмети договориле влада и премиер Македонец што ќе се декларира како Албанец

Пробна патка за зајакнување на преговарачките позиции со СДСМ за премиер Албанец, или вистина? Според повеќе албански медиуми, меѓу кои и порталот „Лајм“, кој наводно се повикува на партиски извори во ВМРО-ДПМНЕ, лидерите Христијан Мицкоски и Али Ахмети од ДУИ се договориле за формирање на нова Влада, со прифаќање на условот за премиер Албанец и конкретно име.

Имено, според „Лајм“, изворите тврдат дека договорено е премиер да биде Лазар Еленовски, чија мајка е Албанка, па оттаму тој ќе се декларира и за Албанец и за Македонец. Со ова ДУИ би имала изговор, велат изворите, да тврди дека го реализирала барањето, а членството на ВМРО-ДМПМНЕ нема да реагира бидејќи ќе биде јасно дека „декларирањето како Албанец е во дневнополитички цели“, пренесува „360 степени“.

Прочитајте и:  Мицкоски - Дрекслер: Германија е наш значаен стратешки партнер и пријател

Според „Лајм“, на Ахмети и Мицкоски наводно им останува уште да го убедат Димитар Апасиев – претседателот на Левица, да поддржи влада со „премиер Албанец“, а сѐ дотогаш, тие двајцата нема да ги потврдат овие информации, пишува порталот.

* Фотографијата е од декември 2019-та

- Реклама -