Меѓу останатите, добитник на наградата е и Јовица Михајловски, драмски актер и продуцент.
Јовица Михајловски дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1981 година, а од 1983 година до неговото пензионирање во 2022 година работел во Драмски Театар Скопје.
Михајловски во својата богата театарска кариера настапувал во претставите: во Драмски театар – Скопје „Сомнително лице“ од Б.Нушиќ (Ѓока), „Дупло дно“ од Горан Стефановски (Јаков II), „Солунски патрдии“ од М.Попоски (Кире и Баже), Крвави свадби од Лорка (Младичот), Долго патување во ноќта од О’Нил (Џејмс Тајрон), „Грев или шприцер“ од С.Насев (Јоцо), „Харем“ од С.Насев (Топуз Паша), „Изгубени Германци“ од Слободан Унковски во продукција на Македонски народен театар – Скопје и многу други. Освен тоа има настапувано и во поголем број сценски реализации за најмладите, во радиотелевизиски драми, серии и слично.
Добитник е на многу награди и признанија меѓу кои: Награда од ревијата Екран, за улогата на Кумплунг во играниот филм Самоуништување, 1997 година, награда намеѓународниот фестивал на мали сцени во Риека, Хрватска, за најдобро гостварување, односно за најдобра машка улога Лаки во претставата Другата страна -2005 година, добитник на нградата за најдобра машка улога на фестивалот Војдан Чернодрински за улогата Шајлок во претставта Венецијанскиот трговец 2017 година, добитник на наградата од ДФРМ, Златна рамка, за особен придонес во македонскиот филм, 2021 година.
Јовица Михајловски има забележителни улоги и на филмското платно како и улоги во телевизиските серии во земјава и регионот.
Претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова – Грујовска. Државната награда на годинешниве добитници ќе им биде врачена во Собранието на РСМ на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.