Амит Шимони е илустратор од Тел-Авив. Тој е авторот зад серијалот HIPSTORY, во кој ги „хипстеризира“ светските лидери. Секој илустриран карактер добива своја уникатна хипстер интерпретација базирана врз животот на самиот лик (на пример, Обама има тетоважа од неговата омилена книга „Моби Дик“, а Ајнштајн од Нобел). Како и да е, деталите не се толку битни, сепак се работи за проект за забава (макар што и Шимони ја следи модата да тупи дека сакал да ја доближи историјата до младината, ко да се работи за некаков значаен арт).