Фотографијата се рашири откако осамна на Твитер профилот на еден корисник роден во септември (толку информација му извлековме од био-то), и тоа е сé што се знае околу кучево и околу тоа како завршило вака шишано – твитерџијата вели дека сликата ја нашол на интернет.
Како што знаете/претпоставувате, густото крзно на хаските ги штити од топлина и изгореници, а во студените месеци ги штити од смрзнување. Не би смеело да се бричи во никој случај, освен ако кучето не боледува од сериозна кожна болест, објаснува ветеринарот Џеф Вербер за Huffington Post.
Вака или така, ова ви е ретка прилика да ја задоволите човечката љубопитност и да видите како изгледа бричено хаски.