Ако не настапите со највисок квалитет, немате шанса против Карлос и Јаник

Германскиот тенисер Александер Зверев повторно не успеа да се пробие до финалето на Мастерс турнирот, завршувајќи во полуфиналето. Во натпреварот за пласман во завршната фаза, Зверев беше поразен од Италијанецот Јаник Синер со 2:0, освоивајќи само пет гема. Ова е неговиот осми последователен пораз од Синер.

„Ако не ја давате вашата најдобра игра, едноставно ќе продолжите да губите од играчи како Карлос (Алкараз) и Јаник (Синер). Без врвна форма, шансите за победа не постојат“, изјави Зверев.

Германскиот тенисер додаде дека во Мајами бил близу до победа над Синер, но во Монте Карло сега не му се случила среќата.

Финалето на Мастерсот во Монте Карло помеѓу Алкараз и Синер е закажано за 15 часот.

Прочитајте и:  Првиот авион со евакуирани патници од крузерот „МВ Хондиус“ замина за Мадрид