Ако мислите дека е секси, мора да сте педофил

Кристина Пименова има 9 години, а позира уште од 3-годишна возраст. Има работено како модел на Roberto Cavalli, Dolce & Gabbana, Armani и Benetton, а се појави и на насловната на Vogue (Bambini). Сите нејзини фотографии нејзината мајка (а не Кристина лично) ги објавува онлајн, на официјалните профили на социјалните мрежи. Повеќе од 2 милиона луѓе ја имаат „лајкнато“ нејзината официјална Фејсбук страна. Фановите ја бомбардираат со коментари, а секоја фотографија привлекува илјадници лајкови за само неколку минути по објавувањето. Но, има проблем: критичарите сметаат дека 9-годишната моделка е жртва на сексуализација.

bedtime

Особено е спорна извесна фотографија на Инстаграм, со наслов „bedtime“, која привлече многу коментари од стилот на „жешка“, „секси“ и сл., пред се алудирајќи на долгите и голи нозе на „најубавото девојче во светот“, како што ја нарекуваат Кристина.

Нејзината мајка, Гликерија, е исто така поранешен модел. Таа жестоко реагира на обвинувањата за сексуализирање на нејзината ќерка. „Мора да мислиш како педофил за да видиш нешто сексуално во овие фотографии, значи време е да посетиш доктор“. „Апсолутно сум убедена дека сите нејзини фотографии се апсолутно невини“.

238D4C7A00000578-0-image-17_1417105168362[1]
Кристина, со мајка и
Еден Фејсбук корисник вели: „Таа е премногу млада! Грозно е колку е сексуално експлицитна на толку млада возраст!“

Други коментираат: „Ова е толку погрешно. Да, таа е модел, но оваа облека не е за девојче на нејзина возраст“.

„Ти ја сексуализираш твојата ќерка и родителите како тебе се причината зошто многу девојки израснуваат во личности со многу карактерни проблеми… Исто така, има многу болни луѓе таму надвор, што на овие фотографии би гледале на сексуални начини“.

Една моделка од Лондон, пак, вели: „Можеш речеш дека нејзината експресија е сензуална, или сугестивна, или премногу зрела. Или можеш да речеш дека таа изгледа нерасположено или намуртено. Во основа, гледаш во девојче што по некоја случајност е невообичаено убаво. Можеби ако нејзиното лице изгледа повеќе како лицето на просечно женско дете, нема ни да постои ваква дискусија“.

cms_b091c53c21724f058a708f54865f80b7[1]

Присуството на манијаците и педофилите на Фејсбук не е спорно, но да се обвинат сите што ќе ја оценат фотографијата како „секси“ како педофили е одење предалеку. Барем така смета добар дел од учесниците во неофицијалната дебата. „Сведоци сме на се повеќе примери на деца што се популаризинари во сексуална конотација, без разлика дали е суптилна или лесно воочлива. Иако првичниот импулс не тера да се согласиме со мајката на Кристина, можеби треба да се фокусираме на суштината на проблемот – а тоа се родителите, а потоа и сите други, кои дозволуваат и учествуваат во трансформацијата на малолетни деца во „секси“ и „жешки“ идоли, придавајќи им елементи што кај возрасни девојки секој би ги оценил како „провокативни“. Сеедно, на конкретната фотографија Кристина е облечена во најобични кратки шорцеви, маичка со Мики Маус и топли точкести чорапи – нешто што секое девојче би го облекло за релаксиран сон.

Што мислите вие, каде е проблемот?

- Реклама -