Уметникот Аксел Меделин, кој што се занимава со концептуални илустрации и стрипови, ни нуди една доста интересна интерпретација за тоа како би изгледал дизајнот на славниот костум на Железниот човек, ако беше правен од самиот Леонардо да Винчи.
Скиците се направени така што личат ренесансниот уметнички стил на познатиот уметник.
„Ако има друг човек освен Тони Старк, кој што може да го создеде овој костим, тогаш тој без сомнение е Леонардо “, вели самиот Меделин.