Акните остануваат мистерија и проклетство за многу тинејџери но и возрасни дури и денес. Најстрашното е недостатокот на информации – и обичните луѓе, и научниците, не се баш начисто околу тоа што и зошто ги причинува акните.
Сепак, се покажува дека витаминот Б12, кој се наоѓа во многу видови меса и млечни продукти, можеби има нешто заедничко со акните.
Витаминот Б12 главно се зема како додаток за подобрување на функцијата на мозокот, или за да се засили организмот при анемија. Но се покажува и дека истиот витамин може да ја промени генетската структура на бактериите кои живеат на лицето на некои луѓе, и да предизвика брзо воспаление, кое е во основата на секоја појава на акни.
Ваквата состојба не ги засега само тинејџерите, но и луѓето во своите доцни 40-ти, па и 50-ти години. Всушност, повеќето од нас се соочуваат со акни во еден или друг период од животот – статистиката покажува дека од акни страда/ла дури 80% од популацијата.
Затоа, ако имате акни, можеби е добро да размислите, дали можеби земате витамин Б12 во било каква дополнителна форма.