Ајри: Суарез останува во Ливерпул

Директорот на Ливерпул, Јан Ајри инсистира дека тие немаат намера да го продадат Луис Суарез по крајот на сезоната.

Напаѓачот за медиумите од Уругвај вчера рече дека е отворен за заминување од Енфилд доколку му се укаше подобра шанса за успех во Лигата на Шампионите.

„Се наоѓам во тим од светска класа, елитен тим како Ливерпул. Но доколку дојде друг тим со повисоки цели во европските натпреварувања, тој е добредојден. Ќе разговараме со клубот, и ќе видиме дали сакам да заминам или не“ – рече Луис Суарез.

Подолго време се говори дека Суарез е трансфер цел на Јувентус, а името на напаѓачот се поврзува и со Манчестер Сити и Баерн Минхен.

Сепак, од таборот на Ливерпул експресно порачаа дека тие немаат намера да го продадат репрезентативецот на Уругвај.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

Директорот на ’Црвените’ Јан Ајри за BBC рече: „Секоја недела има сторија за Суарез. Коментарите беа дадени на неговиот мајчин јазик, па мислам дека дел од изјавата беше изгубена во преводот”.

„Минатото лето тој стави потпис на нов четиригодишен договор и ние немаме желба да го продадеме”.

„Тој е фантастичен фудбалер и дава огромен придонес за тимот”.

„Бевме многу искрено со него а и тој беше многу искрен со нас”.

„Секогаш ќе има шпекулации, особено сега во пресрет на летниот трансфер пазар”.

„Но ние сме среќни што го имаме Суарез, и очекуваме тој да биде тука следната сезона .”

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -