Ајкулите можат да станат невидливи за нивниот плен

sharkИстражувачите открија дека некои ајкули можат да станат невидливи за својот плен создавајќи необична оптичка илузија.


shark-278x225Истражувачите открија дека некои ајкули можат да станат невидливи за својот плен создавајќи необична оптичка илузија.

Со регулирање на фотофорите (органи кои емитираат светлина кај некои видови животни) кои се наоѓаат на долниот дел од нивното тело, ајкулите емитираат светлина слична на сончевата за да се камуфлираат во околината.

Според истражувачите од Универзитетот Louvain овој начин на камуфлирање ги прави овие предатори незабележителни за пленот и уште посмртоносни.  Julien Claes, кој го водеше истражувањето, вели дека околу 10% од познатите ајкули ја имаат оваа способност да светат, а таа исто така веројатно им користи и за да ги привлечат нивните партнери. [Sharks Can Become Invisible]

- Реклама -