Светските медиуми беа преплавени од оваа фотографија на која се гледаат ајкули како пливаат во поплавен трговски центар во Кувајт, откако дошло до кршење на огромниот аквариум со ајкули.
Всушност се работи само за фотошопирана фотографија, којашто беше признаена од авторот, Џејми Кинг, кој објави дека ја направил фотографијата инспириран од поплавувањето на дел од деловна зграда во Канада.