Деновиве по балканскиве социјални мрежи се врти една реклама за цвеќара која ептен им фати око на Хрватите кои висат на фејсбук страната „Dnevna doza prosječnog Dalmatinca“.
Иновативните и духовити сопственици поставиле табла со нацртани три цвета, а под неа напис: „Имаме два од три цвета. Влезете и видете кои се тие два“.
Се разбира, додека не влеземе и ние нема да знаеме. Ама знаеме за еден цвет за кој се смета дека ти ја поттикнува креативноста, што можеби довело и до настанувањето на таблава.