Ахмети се сретна со Бучковски, убеден е дека е можно решение со Бугарија без последици по јазикот, идентитетот и културата

Денеска во Скопје, лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети се сретна со специјалниот претставник на Владата за Бугарија – Владо Бучковски.

Како што соопштија од ДУИ, Ахмети и Бучковски разговарале за спроведувањето на Договорот за добрососедство, за актуелните позиции на секоја од страните и за најдобрите начини за надминување на спорот.

На средбата, Ахмети дал целосна поддршка на интензивниот дијалог и изразил убеденост дека достижно е решение, набрзо, без последици врз јазикот, идентитетот и културата кои не се дел од спорот и дијалогот.

Ахмети порачал и дека европскиот дух кој довел до потпишување на Договорот треба да преовладува и за време неговото спроведување без одолговлекувања, како дел од преговарачката рамка на односите помеѓу соседите, но и во рамките на уставните определби за немање на територијални претензии кон нашите соседи.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 
- Реклама -