Ахмети: Се солидаризиравме без услов за консензуален претседател, тоа беше порака до Македонците

Концептот за консензуален претседател кој го предложила ДУИ бил порака до македонските сограѓани и бил во насока на креирање на поставеност која ќе биде заснована на идеи – нешто што не било случај претходно, тврди лидерот на Демократската унија за интеграција – Али Ахмети, во интервју за „Радио Слободна Европа“, прашан зошто на кандидатските листи на ДУИ речиси и да нема Македонци, а од друга страна партијата очекува глас, како што вели, и од Македонците, покрај Турците, Ромите, Бошњаците, Србите итн.

„Треба да бидеме поотворени (објективни) кон оваа прашање. Уште постојат предрасуди – нашето општество сè уште е поделено по етничка основа, но ова не значи дека сите наши дејствија не придонеле на мотивацијата на луѓето да имаме едно подобро организирање, едно организирање засновано на идеи, а не на етничка основа во иднина. За жал, уште постојат предрасуди и ние не можеме да преземеме невнимателни чекори, затоа што навистина сакаме да му служиме на идното организирање засновано на идеи“, вели Ахмети и додава:

„Самото наше организирање кога први излеговме со концептот за консензуален претседател, служеше во однос на прашањето во иднина да придонесеме кон креирањето на една таква поставеност која ќе биде заснована на идеи и тоа претставуваше една порака до нашите македонски сограѓани, што не беше случај порано. Пред нешто повеќе од една година се оддржаа претседателските избори и ние пристапивме без ниеден услов во оваа област.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

И секако, и претходните коалиции склучени во општини каде ние не можеме да победиме со кандидати Албанци – да речеме, во Градот Скопје, Куманово, Охрид се солидаризиравме и се договоривме да се поддржи кандидатот од македонската заедница и целта за постапување на овој начин не беше да освоиме победа, туку да дадеме една порака во иднина нашите сограѓани Македонци да му претходат на еден процес, за кој мислам дека не може да се случи во скоро време, затоа што е потребен голем напор за промена на размислувањата, меѓусебните предрасуди.

Не велам дека не постојат предрасуди и кај Албанците во однос на Македонците, но ова останува наша постојана должност, на политичките партии, медиумите, политичките чинители, аналитичари, сите да работиме и да придонесеме кон изградба и надградба на такви субјекти кои ќе бидат засновани на идеи. Во перспектива тука ја гледам и одржливата стабилност на државата“, рече лидерот на интегративците. Целото интервју прочитајте го ТУКА.

- Реклама -